More

    Проукраински активисти се собраа денес на протест во Белград и се обидоа да постават торта со череп пред руската амбасада

    spot_img

    Проукраински активисти се собраа денес на протест во Белград и се обидоа да постават торта со череп пред руската амбасада. Полицијата не им дозволи да го сторат тоа. Заедно со тортата активистите планирале да достават барање рускиот претседател Владимир Путин да сепредаде пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради „геноцидот во Украина“. Барањето беше расфрлано по асфалтот.

    Активистите ги предводел адвокатот Чедомир Стојковиќ од групата „Октобар“.

     

    – Ја дoнесовме оваа торта бидејќи ова е единствениот подарок што треба да им се даде. Тоа е она што се случува во Украина, последица на нивната политика и агресија, а тоа ќе се случува сè повеќе и повеќе ако режимот во Москва не биде поразен – рече Стојковиќ пред полицискиот кордон, со уште десетина луѓе.

    На улиците на Белград се собираат поддржувачи на двете завојувани страни, и украинските групи и здруженија, како и проруските движења.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img