Процесот на екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција, е во тек и сѐ е како што треба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Процесот на екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, кој е во притвор во Турција, е во тек и сѐ е како што треба – изјави министерот за правда Кренар Лога.

– Досега, освен тоа што е објавено од наша страна, нема дополнително нешто друго. Кога и да имаме благовремено ќе бидете известени – рече министерот.

Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, претходно на брифинг со медиумите, појаснија дека барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски и дека вчера стигнало известување од Турција дека е примено. Tипојаснија дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Mала е можноста Палевски да побара азил, бидејќи, како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Првоосомничениот Палевски се товари за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето, и Стефан Димковски, возачот кој го возел првоосомничениот Палевски од Србија до Турција.

Share This Article