More

    Протестот на жителите на кумановска населба „Доне Божинов“ денеска ги запре работи во изградбата на дел од пругата кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце од Коридор 8

    spot_img

    Протестот на жителите на кумановска населба „Доне Божинов“ денеска ги запре работи во изградбата на дел од пругата кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце од Коридор 8. Во изјава за медиумите, жителите кажаа дека се револтирани од проектот, дека не се води сметка за безбедноста на пешаците, нема заштитни огради, тротоари… Велат дека овој дел е стрмен и бараа средба со надлежните, одговорни за проектот.

    – Во зима овде никој нема да може да излезе, нагорнината е голема. За сите ќе биде потешко, деца нема да можат да одат на училиште, нема тротоари, ограда, од двете страни. Прв снег да падне, автомобилите ќе завршат на пругата – вели Милорад Илиевски.

    Неговиот сосед Стефан Кипријановски додава дека косината е голема и тоа ќе предизвика проблем за жителите.

    – Утре пожарна нема да може да влезе, камиони со дрва не можат да влезат – вели Кипријановски.

    Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на РСМ велат дека заедно со изведувачот и надзорот излегле на терен, контактирале со локално население и ги ислушале нивните проблеми.

    – На жителите по нивната поплака за стрмен пат им кажавме дека повторно ќе направиме преглед на документација за да утврдиме да не има направено некој пропуст. Изведувачот ќе изврши ново геодетско снимање на проблематичниот дел од патот и ќе бараме да предложат техничко решение за да може да го ублажиме проблемот и да излеземе во пресрет на населението. Ги замоливме да бидат малку трпеливи и да се заврши ревизијата и повторно да се сретнеме со населението. За безбедноста на населението изградивме надвозник, бидејќи патот директно се вкрстуваше со железничката пруга. Во рамките на експропријација и техничко решение се надеваме дека ќе најдеме заедничко решение. Со проектот е предвидена и оградата на мостот која ќе биде поставена на крајот кога ќе се завршат градежните работи – објаснуваат од јавното претпријатие.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img