Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската болница – недозволиво е во 21. век, со толку напредна медицина, на ваков начин да заминуваат нашите најмили – порачаа попладнево учесници на протестот пред ЈЗУ Клинична болница „Др Трифун Пановски“- Битола, каде неодамна почина новороденче на породувањ, какои и шестгодишното девојче Јана.
– Со едноминутно молчење оддаваме почит за прераната смрт на сите дечиња што ја доживеале судбината на Јана. Оставката на досегашниот директор за нас ништо не значи бидејќи тој сам изјави дека состојбата во болницата е очајна и затоа сметаме дека инспекцијата не треба да доаѓа само кога се случуваат трагедии, туку постојано – истакна Игор Петковски, претставник на организаторот на протестот.
Битолчани побараа јавно соопштување на причините за двете трагедии што се случија во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.
Државниот здравствен инспекторат денеска објави извештај од инспекцискиот наод за смртта на новороденчето породено со царски рез, во кој се бележат редица неправилности во работењето и за тоа се најавуват прекршочни мерки кон лекари, кон директорот, како и кон болницата како правно лице.