Не треба да се напаѓаат големите градови за да се победи. Ова му го рекол рускиот претседател Владимир Путин на францускиот колега Емануел Макрон, раскажувајќи му лекција по историја и зборувајќи му за нуклеарните бомби поради кои Јапонија се предаде и кои означија крај на Втората светска војна.
Путин го потсетил Макрон и на податокот дека со експлозијата на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, убиени биле помеѓу 129.000 и 226.000 луѓе од кои поголем дел беа цивили.
– Макрон беше навистина вознемирен. Звучеше како многу тешко навестување дека Путин би можел да детонира тактичко нуклеарно оружје на истокот од Украина, а Киев да го остави недопрен. Се чини како тоа да е неговата смисла за закана – изјавил извор од француската влада.
Тој додал и дека двајцата претседатели разговарале за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.
– Путин сака да пренесе порака дека сите опции се во игра, во состав со руската доктрина која се однесува на нуклеарното оружје – соопштил владиниот извор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата безбедноста служба наводно изјавиле дека сепак постои голем ризик дека Русија би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје.
И самиот Путин наводно предупредил дека доколку западните сили го загрозат интегритетот на руската територија, Русија сигурно ќе ги искористи сите средства кои ѝ се на располагање, додавајќи: „Ова не е блеф“.
Макрон на 12 октомври во интервју изјавил дека Франција нема да употреби нуклеарно оружје како одговор на руските нуклеарни напади на Украина.
– Франција има нуклеарна доктрина која се темели на виталните интереси на земјите и која јасно е дефинирана. Тоа не би било во прашање доколку дојдеше до нуклеарен балистички напад во Украина или во регионот – изјавил Макрон.