Прославен е Денот на републиката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во присуство на повеќе од 300 гости, амбасадори, политичари, владини функционери, уметници и пријатели на Италија, вчеравечер во Куршумли ан беше прославен Денот на Италијанската Република, 2 јуни.

Гостите имаа несекојдневна привилегија да уживаат во настапот на историското друштво од Кастиљон Фиорентино, кое преку своите трубадури и вејачи на знамиња ја претстави италијанската средновековна традиција на веење знамиња, која датира уште од 13 век.

Претставата совршено се вклопи во магичниот амбиент на Куршумли ан, кој за оваа прилика беше свечено уреден и осветлен во боите на италијанското знаме.

По интонациите на двете химни, Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри ги потенцираше одличните билатерални односи и соработка која особено се интензивира во последните неколку месеци преку билатерални средби на високо ниво.

Разновидната понуда на врвни италијански специјалитети и некои од најпознатитеиталијански брендови како PERONI, ILLY и SELECT беше надополнета со прекрасна италијанска музика.

Волшебно и величествено изгледаше проекцијата на песната „Воларе“ од македонскиот тенор Благој Нацкоски….

Share This Article