Видео, кое денеска беше споделено на Инстаграм, покажува како просјак станува од својата инвалидска количка и напаѓа човек на автобуска станица во Белград, Србија, објави српски Б92.
Просјакот го нападнал човекот со патерици, a минувачите не можеле да поверуваат што сведочат.
Освен што луѓето биле шокирани од нападот, тие биле уште поизненадени од фактот што човекот се преправал дека е неподвижен.
„Чудо на Велики четврток“, „Доказ дека се ѐ можно кога се сака“, е дел од коментарите на видеото кое станало вирално.