More

    Просинечки победи: Поранешниот клуб мора да му плати огромна сума на пари!

    spot_img

    Роберт Просинечки беше тренер на Олимпија Љубљана од март до јуни 2022 година, а при раскинувањето на договорот клубот не ги подмири сите обврски кон поранешниот хрватски репрезентативец.Просинечки по само три месеци доби отказ од Љубљана, а невреме се раздели со клубот. Го обвинија дека не доаѓал на тренинг, дека играл карти до раните утрински часови и пиел на подготовките, а тој возврати со прес-конференција на која ја обвини управата на клубот дека е лажго и измамник.

    Поради целата ситуација која настана, Просинечки на крајот се сврте кон ФИФА, а врховната фудбалска организација сега донесе одлука дека Олимпија мора да ги плати долговите што ги има кон Просинечки и соработниците.

    Така, пишува словенечкиот весник Екипа24, клубот од Љубљана ќе треба да плати меѓу 250 и 300 илјади евра. Словенски лист пишува и дека Олимпија не би требало да има проблеми со отплата на долгот бидејќи играњето во Конференциската лига се исплати, па клупската каса е веќе дебела со три милиони евра, а со добри настапи и телевизиски права, таа сума сигурно ќе зголемување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img