ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА НА БЕРЗАТА ХУПЕКС Е 156,26 ЕВРА За околу 8 евра е поскапа од јануари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 162,97 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 169,99 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец февруари до сега (baseload till date) изнесува 156,26 евра за мегават час, што е за околу 8 евра повисока од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на јануари.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и во светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Share This Article