Просечната камата на новите кредити за граѓаните изнесува 5,27%

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември 2024 година изнесува 5,41% и забележа незначително месечно и годишно намалување од 0,03 и од 0,08 процентни поени, покажуваат податоците на Народна банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити се зголеми на месечно и на годишно ниво за 0,05 односно 0,42 процентни поени.

Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен и годишен пад од 0,06 процентни поени и изнесува 4,98%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е повисока за 0,17 процентни поени и изнесува 2,60%.

Овој месец, просечната каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% , а на новоодобрените кредити се намали за 0,01 процентен поен и изнесува 5,27%.

Просечната каматна стапка на депозитите за домаќинствата изнесува 1,97%. Во септември каматата се  зголеми за 0,03 процентни поени и изнесува 2,79%.

Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,15%, а на новите кредити одобрени во септември е намалена за 0,12 п.п. и изнесува 4,78%.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 2,34%, што претставува месечен раст од 0,14 процентни поени.

Share This Article