Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека минатонеделните разговори со претставниците на Финска и на Шведска, не го дале очекуваниот резултат.
Турскиот претседател додаде и дека Анкара не може да каже да на земјите кои го поддржуваат тероризмот и како такви да станат членки на НАТО.
Според Ројтерс, Ердоган посочил и дека земјите како Шведска и како Финска не се чесни, ниту искрени во разговорите.
– Додека е Тајип Ердоган на чело на Република Турција, дефинитивно нема да кажеме да за влез во НАТО, на земји што го поддржуваат тероризмот – изјави претседателот на Турција.