More

    Пропадна ли шансата за поевтина струја од Софија, Урсула рекла дека ќе нѐ вметат во фондови за отштета

    spot_img

    Извозот на струја од Бугарија кон нас би имал и геополитичка или политичка димензија, смета претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, рече претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на ТВ Телма синоќа.

    Пендаровски откри детали од досегашните преговори и вели дека решението е да се побара помош од ЕУ. Тој викендов во Софија, Бугарија, се сретна со претседателката на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен, која ги упатила на комесарот за енергија на ЕУ за да се најде начин како Македонија би се вклучила во некои компензациони фондови за да се надомести разликата меѓу светските цени и цените по кои Бугарија евентуално би ни извезла струја.

    Фон дер Лајен нагласила дека не сака да се кршат европските директиви од страна на Бугарија, а од бугараска страна, пак, на Пендаровски му било кажано дека ако ни извезат струја директно а не преку светските пазари, ризикуваат да бидат казнети од ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img