Обвинителството во Франција покрена истрага за убиство откако пет тела беа пронајдени во град североисточно од Париз, јавува Би-Би-Си.
Според извештаите на локалните медиуми, жртвите се жена и нејзините четири мали деца.
Нивните тела се пронајдени во градот Мо, кој се наоѓа на 41 километар од француската престолнина.
Телата се пронајдени во станот, изјави локалниот обвинител за француската новинска агенција АФП.
Според сајтот на весникот „Акту17“, кој прв го објави случајот, полицијата трага по триесет и тригодишниот татко, кој е во бегство.
Обвинителот Жан Батист Бладиер за француските медиуми потврди дека е покрената истрага.