More

    Речиси и да нема летови над Украина

    spot_img

    Според мапата на „Flight Radar“ на која може во живо да се следат летовите секаде во светот, речиси и да нема летови над Украина.

    Како што може да се види на мапите, авионите ја заобиколуваат територијата на Украина, а повеќето летови се одвиваат низ југоисточна Европа.

    Украина денеска го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, наведувајќи го висок безбедносен ризик, додека европскиот авијациски регулатор, исто така, предупреди на опасностите од летање во пограничните области на Русија и Белорусија поради воена акција.

    На својата веб-страница, Украинската државна компанија за воздушни услуги објави дека воздушниот простор на земјата е затворен за цивилни летови почнувајќи од 00:45 часот по Гринич во четврток, со прекин на воздушните услуги.

    Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (ЕАСА) вели дека воздушниот простор во Русија и Белорусија на 100 наутички милји од нивните граници со Украина, исто така, може да претставува безбедносни ризици.

    – Конкретно, постои ризик од намерно таргетирање и погрешна идентификација на цивилни авиони – наведува агенцијата во билтенот за зоната на конфликтот.

    – Присуството и можната употреба на широк опсег на копнени и воздушни борбени системи претставува висок ризик за цивилните летови кои работат на сите височини и нивоа на летови – додаваат од агенцијата.

    Потсетиме, руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и доведоа сили на нејзините јужни брегови, објавија украинските официјални лица и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што ја нарече, специјална воена операција на истокот.

    Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img