Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23.50 часот на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР.
„Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени“, се наведува во соопштението.
Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од страна на нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија.