Пронајдени се 1.408 пушки од минатите балкански војни и истите се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1.408 пушки од минатите балкански војни и истите се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола.

Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани бојни средства (НУС) од минатите војни да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, а потоа надлежните за НУС од Системот за управување со кризи безбедно ќе ги отстранат и неутрализираат, согласно стандардни оперативни процедури.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.714 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,84%, а 38,16% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Има еден пожар на отворено во последното деноноќие. Пожарникарите од ТППЕ Радовиш од 18:30 часот гаснеле до доцна во ноќта шумски пожар во с. Коџалија, над гробиштата. Била зафатена со пожарот дабова шума на непристапен терен.

Share This Article