Пронајдени експлозиви во икони шверцувани од Украина во Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Службеници на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), заедно со цариниците, спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи, скриени во православни икони, од Украина во Русија, се наведува во соопштението на ФСБ, а пренесува српскиот портал Б92.

„Товарот се движел на релација Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Латвија – Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во икони и подготвени за употреба, 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност и 91 електричен детонатор“, се наведува во соопштението.

Осомничениот шверцер е приведен и одредена му е мерка притвор.

ФСБ за областа Псков го истражува случајот со нелегално пренесување експлозиви и експлозивни направи преку граница од страна на група лица.

 

Share This Article