Повеќе од 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се пронајдени во контејнер со вреќи со зрна кафе наменети за фабриката Неспресо во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција.
Како што се наведува, фабриката Неспресо, синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол „недефинирана бела материја“ при истовар на вреќи со зрна кафе кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин.
„Супстанцата за која станува збор не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или со производствената опрема што се користи за производство на нашите производи, кои се целосно безбедни“, се наведува во соопштението на Неспресо.
Наведуваат дека истрагата на полицијата е во тек и дека не може да се дадат повеќе детали за споменатиот настан.