Пронајден брод потонат пред 2.000 години со стотици сочувани аморфи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стар римски товарен брод, потонат пред повеќе од 2.000 години, е пронајден во близина на Рим, соопшти уметничкиот оддел на италијанската полиција.

Бродот се наоѓал во морето во близина на пристаништето Чивитавекија, на околу 80 километри северозападно од главниот град на Италија, на песочно морско дно на длабочина од околу 160 метри, соопшти специјалната полиција.

Бродот, кој се проценува дека е долг повеќе од 20 метри и датира од 1 или 2.век п.н.е., носел стотици амфори, кои главно биле пронајдени недопрени.

„Извонредното откритие е важен пример за бродолом на римски брод кој се соочил со опасностите од морето во обид да стигне до брегот и сведочи за древните поморски трговски патишта“, истакнуваат од италијанската полиција.

Потонатиот брод бил лоциран и снимен од робот на далечински управувач, соопштија полициски извори. Се уште не е јасно дали властите ќе се обидат да го извлечат бродот или неговиот товар од дното на морето.

Share This Article