More

    Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

    spot_img

    Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

    Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часовии. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.

    Утре ќе има врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

    Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места. До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

    Денеска е четврток, 19 јануари 2023 година, 19-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 346 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 32 минути. Денов трае 9 часа и 34 минути.

    Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 4 часот и 45 минути, а ќе зајде во 13 часот и 30 минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img