Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Ќе дува умерен ветер од југозападен до југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.