Времето денеска ќе да биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со воден талог и од над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Сончевото зрачење нема да биде изразено и ќе изнесува УВ=5.
Утринските температури ќе се движат од 8 степени на повисоките места, до 18 степени, а максималните до 25 степени.