Владата не планира да воведе рестрикции на струја, но не може а гарантира дека може да се случи хаарија кај набавката на струја од соседите за големите потрошувачи.
-Ние во измнинатиот период направивме разговори за да нема застој на снабдување со струја од соседните енергетски системи – рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната пресконференција на која информира зап ланот за штедење.
Тој рече дека владата има конкретен план за реакција, ако се случат поголеми хаварии на прозиводните капацитети и снабдувањето со струја.
Бектеши рече дека, снабдувањето со јаглен од Косово не е спорно.
-Во Косово не е проблем ископот на јаглен, туку е проблем блоковите на производство на енергија кои не се во согласност со потрошувачката, односно немаат капзцитет за производство на струја.Но ние не увезуваме јаглен само од Косово, туку и од други соседни земји- рече Бектеши.
Бектеши информира дека на наредната седница ќе донесе одлуки за прогласување кризна состојба за електрична енергија и за топлинска енергија што ќе важи од 1 септември годинава.
-Кризната состојба ќе важи со започнување на мерките од 1 септември, па до крајот на септември. Во меѓувреме ќе пратиме во Собрание барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона, бидејќи таква е регулативата во нашата држава, односно по 30 дена кризна состојба Собранието треба да донесе одлука за нејзино продолжување, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција во Владата заедно со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски..
ЕСМ моментално ги снабдува домаќинствата и компаниите со струја од домашно производство, не се увезува стрија. Активни се сите производни капацитети. Моментално се увезува само јаглен, мазут и приоден гас, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
Тој рече дека ЕСМ произвела 2.194 гигавати електрична енергија што е за 40 отсто повеќе од лани, а увезениот јаглен се користи само за оплеменување на домашниот јаглен.
-Блокот три на РЕК Битола е во прекин поради хаварија. Се набавува нов и се поправа хаварисаниот во Белград. РЕК Битола ќе работи со трите блока од ноември. РЕК Осломеј е во реконструкција и од септември ќе биде вклучен во полно производство- рече Ковачевски.
Тој информира дека ЕСМ ќе произведе за 15 проценти повеќе енергија од лани.
– Зголеменото прооизводство се должи на термоелектраните. Кај хидроелектраните има значајно намалување на потрошувачката на енергија. Целиот план за производство на електрична енергија за оваа година е направен со зголемено произодство за 20 проценти. Тој се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во Битола. Во РЕК Битола исто така и се доставува јаглен од увоз за подобрување на неговата калоричност. ТЕЦ Неготино работи со пола капацитет, еден котел. Интензивно се прават залихи на мазут за да има кога ќе се зголеми потрбата од енергија – рече Ковачевски.
Ковачевски рече дека хидроелектраните веќе се ремонтираат.
Тој рече и дека е големено производството на домашен јаглен.
– Околу 50 милиони евра ЕСМ ќе заштеди на непотребни јавни набавки – рече Ковачевски.
Ковачевски информира дека ЕСМ е подготвена и да го преземе парното во Скопје.
-Денеска на седницата на Владата е донесена одлуката за започнување на постапка. На наредната седница на Владата ќе биде објавен јавниот повик на кој најверојатно ќе конкурира ЕСМ иако тоа можеше да го направи и Град Скопје, но најверојатно тие сега веќе немаат ни компанија за таа намена – рече Бектеши.