Производната линија се сели во фабриката во БиХ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Чешкиот сопственик на словенечкиот производител на спортски чевли „Алпина“ го затвора производниот дел  во словенечкиот града Зири  и ќе го пресели во фабрика во Босна и Херцеговина. Поради ова 60 работни места во Словенија до крајот на годината ќе бидат испразнети.

Од компанијата соопштија дека  дел од производните линии, вклучително и монтажни линии за скијачки, нордиски и планинарски обувки, ќе бидат преместени во производниот погон во Босна и Херцеговина. Фабриката за алати и машини и единицата за вбризгување на пластика, како и сите работни места во одделот за развој, маркетинг и продажба, ќе останат во седиштето на компанијата во Зири.

Главна причина за реорганизацијата е пад на продажбата и зголемување на залихите, влошени оваа година со лошата зимска сезона, која ја намали побарувачката за артикли како што се ски-чизмите како и високите трошоци за енергија, транспорт и одржување, зголемување на минималната плата и огромниот конкурентски притисок во однос на ниските производни цени.

Планот за отпуштање на 60 од 228 работници во Зири е дел од поширок план за реорганизација и оптимизација, соопштуваат од менаџментот, од кои ветуваат дека ќе преземат што е можно повеќе мерки за на поблаг начин да се намали бројот на вработени.

Групацијата Алпина на кајот на 2023 година имаше 1.012 работници.

До крајот на јуни тој број се намали на 948, а на крајот на јули дополнително се намали откако компанијата затвори една од двете производствени единици во Босна и Херцеговина, во која беа вработени 90 лица.

По отпуштањата во Зири, бројот на вработени во групата ќе се намали на приближно 800 до крајот на 2024 година.

Алпина лани забележа загуба од 1,7 милиони евра со приход од продажба од 38,8 милиони евра.

Производството е во пад од 2017 година, кога Алпина произведе 642.000 пара чевли и чизми. Бројката падна на 403.000 во 2019 година и на 141.000 во 2023 година.

- Advertisement -
Ad image

Оваа година компанијата планира да произведе само 46.000 пара.

K&H, компанија која е дел од групацијата Franco de Poisd’eau & CIE, ја купи Алпина во 2022 година од словенечката банка за управување со средства.

„Алпина“ е основана во 1947 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article