Производителите бараат цена повисока од 30 денари за килограм

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за земјоделство.

Како што кажаа на протестот, договореното од последната средба со откупувачите и Инспекторатот за земјоделство, зелката да се откупува по 20 денари за килограм во текот на оваа седмица согласно законот не се почитува и денеска откупната цена е 15 денари.

– За да опстанеме и да можеме идната година година повторно да ја засадиме оваа култура откупната цена треба да изнесува 30 денари за килограм. Бараме итна средба со министерот која ќе се одржи најдоцна до недела и доколку не се случи тоа тогаш ќе го радикализираме протестот со блокирање на патишта – рече Васе Панов, производител на пролетна зелка.

На протестот беше кажано дека дел од трговците прават манипулации при откупот, односно се пишува дека зелката се откупува по 20 денари, а се намалуваат килограмите на откупеното и зелката се исплаќа по 15 денари за килограм. Затоа, земјоделците бараат реакција од надлежните за да се спречат таквите манипулации.

Дел од земјоделците реагираа што на протестот не присутвувале поголем број земјоделци кои биле на нивите и според нив барем три денови не треба да се бере зелката и да не се носи на откупните пунктови.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски коментирајќи го протестот  рече дека инспекторите се на терен со цел максимална заштита на производителите.

-Го следиме откупот, нема простор за загриженост зашто пласман има. Протест е насочен кон цената и трговците. Инспекторатот ги презема сите мерки  и контроли, целосно е фокусиран во Струмичко, во градинарскиот регион за да ги заштитиме производителите. Цената не беше 10, туку 20 денари. Обидите на некои од трговците да биде дополнително спуштена веројатно предизвика загриженост кај земјоделците, но ние сме постојано на терен, ги следиме состојбите и ако треба ќе интервенираме – рече Николовски.

Share This Article