ВМРО-ДПМНЕ денеска ја презентира програмата со која ќе настапи на парламентарните избори 2024, насловена „Платформа #1198“. Програмата „Платформа 1198″ содржи точно 1.198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби. Фокусот на програмата е во реализација на капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра, ниски и рамни даноци и намалување на стапката на невработеност на 7.5%
Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната програмска дебата насловена „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката” на која се презентира изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен капитални инвестиции, кон политиката на ниски и рамни даноци, силна борба против сивата економија и намалување на стапката на невработеност на 7.5%.
– Морам да кажам дека за економскиот тим беше голем предизвик да се направат проекциите за буџетот 2024-2028 година имајќи предвид дека владата на СДСМ и ДУИ ќе остави пустош во буџетот и речиси банкротиран буџет. Но сепак знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ навистина има квалитетни економисти се потрудивме да извлече она што е најдобро. Најголемиот фокус ќе ни биде кон капиталните инвестиции, кон поддршка на инвестиции за приватниот сектор особено за производните компании и компаниите кои што извезуваат и понатаму остануваме на ставот за привлекување на странски директни инвестиции и нашата цел е до 2028 година да имате стапка на раст на бруто домашниот производ од 5%. Нашиот фокус се сведува кон инвестициите, а не кон потрошувачката како што беше до сега. Прво што планиравме како ВМРО-ДПМНЕ е реализација на капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра, значи станува збор за инфраструктурни проекти, за проекти во образование, во здравство, проекти кои ќе имаат вистинска додаден вредност. Исто така остануваме и на политика за ниски и рамни даноци, затоа што сметаме дека тие создаваат фер услови за приватниот сектор. Исто така најавуваме и силна борба со сивата економија. Она што е клучно е што ВМРО-ДПМНЕ во следниот период проектира и планира до 2028 година да креира нови 55 илјади работни места односно стапката на невработеност да се спушти на 7.5% – посочи Димитриеска Кочоска.
Елена Петрова дополнителниот заменик министер за финансии кажа дека во следниот период клучна улога ќе има УЈП за која што ВМРО-ДПМНЕ има сет на мерки за УЈП реформа која ќе се протега во 4 столба, даночни обврзници, даночни приходи, даночна администрација и дигитализација.
– Програмата која содржи над 1000 мерки и проекти за подобрување на македонската економија и македонското општество. Она што е основно потребно за да можеме да ги реализираме мерките и проектите е да имаме стабилни јавни финансии а за обезбедување на тој финансиски потенцијал и капацитет во следниот период клучна улога ќе има УЈП. Затоа во нашата програма имаме еден цел дел за УЈП именуван како ефикасна праведна и дигитализирана даночна администрација. Имаме испумпување на пари од буџетот заради злоупотреби на поврат на ДДВ, за што УЈП не покажа капацитет да ги детектира и да ги спречи однапред ваквите појави. Од друга страна компаниите кои работат чесно не навремено го добиваат својот поврат и тоа има одраз врз нивната ликвидност. Затоа ние смисливме сет на мерки за УЈП именувани како 4 Д реформа на УЈП, реформа која ќе се протега во 4 столбови, даночни обврзници, даночни приходи, даночна администрација и дигитализација – истакн Петрова.
Членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ во своето обраќање рече дека ВМРО-ДПМНЕ го слушна бизнис секторот и барањата ги преточи во новата програма на „Платформа #1198“, бидејќи како што рече приватниот сектор е стожарот на македонската економија бидејќи го полни државниот буџет и вработува најголем дел од населението.
– Важна е нашата визија, бидејќи гледаме дека нашата конкуренција е безидејна и ја донесе Македонија во пропаст. Можам да кажам дека за прв пат во оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто на било која политичка партија, го слушнавме бизнис секторот. И може ќе прашате зошто бизнис секторот, а не граѓаните. Но, бизнис секторот односно приватниот сектор создаваат над 90% од додадената вредност во економијата и вработуваат најголем дел од населението или над 70% се вработени во приватниот сектор. Приватниот сектор е стожарот на македонската економија кој што го полни Буџетот. И затоа ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период дава сериозна поддршка за развој, за зголемување на конкурентноста за подобрување на усовршувањето, дигитализацијата на претпријатијата и за иновации – децидна е Maja Кадиевска Војновиќ.
Кадиевска Војновиќ истакна дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10-годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот.
– Во делот на компаниите за прв пат како политичка партија ги таргетираме сите компании, од почетниот стадиум на развој, како што се стартап компаниите, па се до позрелите компании како што се извозно ориентирани капацитети. Потоа микро малите и средни претпријатија кои што се најбројни и кои што исто така опфаќаат најголем дел од вработеноста – истакна Кадиевска Војновиќ
Новата 10-годишна стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот, значи и за домашните компании.
– Реформа која што ќе опфати спојување на повеќе рашткани агенции во моментот на едно место. Значи не ни треба голема бирократија за една работа. Ни требаат квалитетни луѓе и квалитетни програми – посочи Маја Кадиевска Војновиќ.