Прогнозите за растот и инфлацијата се поразителни, оценува ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Извештајот на Светска банка, во кој за Македонија во 2023 се предвидува најмал раст на БДП во регионот, огромна инфлација и зголемен дефицит, е голема шлаканица за владата на Димитар Ковачевски, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се вели дека со извештајот на Светска банка „потопени се сите лаги на ДУИ и СДС дека македонската економија цвета“.

„Извештајот на Светска банка ја отсликува реалноста дека Македонија е на економското дно во регионот, позади сите други земји. Според Светската Банка за 2023 година ќе имаме убедливо најнизок раст на БДП од само 1,8%, двојно понизок од Црна Гора, Косово и Албанија.

Во исто време буџетскиот дефицит ќе се зголемува што значи дека ќе расте и долгот, а високата инфлација од 9,1% ќе продолжи да го уништува стандардот на граѓаните. Патем и Светската Банка, како и ММФ претходно, ги демантираа шарените лаги на владата и прогнозираат инфлација повисока за двојно повеќе од тоа што го прогнозираат неспособната власт.

Оваа инфлација е резултат на задоцнетите мерки на власта и истото е нотирано од страна на овој извештај. Да потсетиме дека само пред некој ден беше презентирана проекција според која постои опасност до крајот на годината 600 илјади граѓани да западнат во сиромаштија, а дури 80 илјади граѓани се во екстремна сиромаштија само со 60 денари на ден. Затоа се повеќе граѓани купуваат производи на парче, затоа се поголеми се редиците пред пекарите за бајат леб“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article