Професорите од УКИМ побараа повисоки плати, ако не добијат нема испити

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Професорите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје бараат повисоки плати, пренесува ТВ Телма.

Тие со отворено писмо се обратиле до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии.

Велат дека постои огромно незадоволство поради актуелната состојба, која според нив „никогаш не била на вака ниско ниво“.

Професорите од УКИМ во писмото ја споредуваат просечната плата која во земјава достигна до повеќе од 31 илјада денари, со платата на еден доцент на факултет од околу 30 илјади денари, односно под просекот.

– Никогаш во историјата УКИМ не бил подеградиран и заборавен. Затоа бараме итно потпишување на колективен договор со предвидените четиригиодишни проекции на покачување на платите со цел во ребалансот на буџетот да биде предвидено зголемување на платите – пишува во отвореното писмо на професорите од УКИМ до властите.

Доколку не бидат исполнети нивните барања, професорите најавуваат дека ќе одржат мирен протест или штрајк во јунската испитна сесија.

Share This Article