Проф. д-р Павле Митревски е овогодишниот добитник на наградата за животно дело , СВЕТИ КЛИМЕНТ OХРИДСКИ – ПАТРОН НА ОХРИД,одлучила комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија при Општина Охрид.Како што дознава редакцијата Охридскај,оваа година до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија ,пристигнале само две апликации за ова престижно признание на Општина Охрид.
Проф. д-р Павле Митревски Роден 1932 година. Завршил Учителска школа – Битола и Филозофски факултет – Нови Сад. Доктор е по историски науки. Повеќе години бил директор на „Историски архив“ – Охрид. Бил професор на Педагошката академија и Правниот факултет – Битола, предавајќи го предметот историја на државите и правата, а потоа до пензионирањето, работел како редовен професор на Техничкиот факултет – Битола.
Пишува за историјата на македонскиот народ, а посебно за Охридско – струшкиот регион. Објавил преку 140 прилози и 10 научни публикации.
Член е на Македонското научно друштво од 1967 год. и добитник на медаља од Друштвото.