Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на Република Северна Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на Република Северна Македонија на конститутивната седница на Собранието на Комората која се одржа денеска во просториите на градската општа болница „8ми Септември“. Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на проф. д-р Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска гласаа 24 делегати.

Проф. д-р Гривчева Старделова во своето обраќање пред членовите на Собранието даде краток преглед на активностите во изминатиот приод и ја презентираше програмата за работа во наредниот период. Активностите ќе бидат насочени кон зајакнување на улогата на Комората како еснафско здружение, унапредување на статутот на лекарите и ќе кон иницирање на реформи во здравствениот систем кои ќе креираат подобри услови за работа на лекарите и за лекување на пациентите.

Собранието ги избра и членовите на другите органи и тела кои ќе ја водат Лекарската комора во следните четири години. За заменик-претседател е избран д-р Беким Исмаили, додека за потпретседатели се избрани д-р Љупчо Стефановски, д-р Маја Манолева и д-р Алберт Леши.
За нов претседател на Собранието е избран д-р Висар Муча, а за потпретседатели на Собранието на Комората д-р Александар Димовски и д-р Берат Лена.

Нови членови на Извршниот Одбор се д-р Лилијана Чолакова Дервишова, д-р Дафина Караџова, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Тодор Кичуков, д-р Мевлудин Куч, д-р Илбер Бесими, д-р Дениел Поповски, д-р Илир Шурлани и д-р Џабир Бајрами.

Членовите на органите и телата на Комората се заблагодарија за изборот и ветија посветена и одговорна работа во наредниот период.

Share This Article