More

    ПРОДОЛЖУВААТ ЧЕСТВУВАЊАТА ЗА ВЕЛИКАНОТ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

    spot_img

    Со уметничкиот перфоманс „Стихови и звуци за Прличев“, денес во спомен куќата која го носи неговото име, продолжија свеченостите за македонскиот и охридски великан Григор Прличев. Настанот започна со познатата „1762 лето“ во изведба на групата „Св.Софија“ и вокалистите Митко Колушевски и Венко Пашовски.

    Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

    Vizita_Prlicev_06022024007 Почитувани присутни, почитувачи на големото дело на охриѓанецот Григор Прличев. Дозволете ми најнапред да ги упатам моите најискрени честитки на познатиот македонски поет  и наш драг охриѓанец, Славе Ѓорго Димоски за поемата „Денес“ и да му посакам  позитивна вдахновеност во создавањето на нови литературни дела.

    За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја, националното будење и културното самоидентификување.Во тој дух се и идеите на  „ Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените.

    Ваквите манифестации посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, се вистинското место гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме  традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Република Македонија. На тој пат водилки треба да ни бидат високопоставените, не само уметнички,  туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев.

    Како локална самоуправа која води исклучителна грижа за нашите историски и културни вредности, ја продолжуваме акцијата за печатење на книги со Брајово писмо. Годинава ќе доделиме два примероци на книгата “Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението на слепи лица од Охрид. Се радувам дека и годинава ќе имаме можност да го чуеме непресушниот македонски талент низ наградените творби на најмладите, инспирирани од делото на охридскиот Омир.

    Во тој дух, посакувам  да ни се вековити чествувањата на Григор Прличев и да ни се множат  литературните остварувања инспирирани од неговото дело – исткна Божиновски.

    Пред присутните беа прочитени и првонаградените литературни творби на ученичките Матеја Колеска и Ивана Митре.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img