Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Заклучно со јули бројот на работни места е зголемен за 14% во однос на истиот период лани и достигна над 17.150.  Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 900 нови работници.

-Продолжува и растот на извозот кој  заклучно со јули ја надмина границата од 2 милијарди евра. Само во јули извозот е 336 милиони евра што е за 20% повисок од јули минатата година. Споредено со почетокот од годинава извозот во зоните е зголемен за 22% – информираат од ТИРЗ.

Увозот за 7 месеци достигна над 1,8 милијарди евра.

– Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 261 милион евра што е за 13% повисоко споредено со јули 2022 година.Споредено, пак, со почетокот од годинава увозот во зоните е зголемен за 15 отсто – велат од ТИРЗ.

Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со јули е 25%.

– Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ од почетокот на годинава се постигнати договори од над 280 милиони евра кои во следните десет години треба да донесат над 4.600 работни места. Исто така, во завршна фаза на преговори се четири нови инвестиции со обем од над 150 милиони евра – нагласуваат од ТИРЗ.

Share This Article