More

    Продолжува променливото и нестабилно време

    spot_img

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

    Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.

    Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а максималните дневни од 11 до 22.

    Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

    Утре и задутре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во петок претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, кој во зоната на нестабилност ќе засилува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img