More

    ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УНИФИЦИРАНИ ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ

    spot_img

    Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот   Правилник  и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид  годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.

    Проектот започна минатата година со поставување на  74 информативни табли (Фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.

    За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите  објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се заокружи овој дел од старото градско јадро.   Понатаму ќе следува старата чаршија за која што исто така ќе биде избрано визуелно решение согласно Правилникот и Каталогот.

    Каталог за стандардизирана урбана опрема содржи ТИПИЗИРАНИ и СТАНДАРДИЗИРАНИ модели на урбана опрема во повеќе варијанти (иако тие се во суштина од исти или слични материјали и исти нијанси, бои, конзоли, украси и сл).

    Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на Македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.

    Сите  чекори  на локалната власт во овој проект претходно беа  дискутирани  и усогласени со широката заедница на корисници на јавни трибини и меѓусебни консултации. Представниците, сопствениците и корисниците на деловните простори, дуќанџии, занаетчии, угостители, заеднички ги креираат идните чекори во заедничка координација со општинскиот  проектен тим, па дури потоа се спроведуваа процедурите на набавка и поставување на опремата.

    Проектот се спроведува со одобрение на УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО. Проектот е во согласност со Стратегискиот план за рехабилитација на светското културно наследство на охридскиот регион и препораките на мониторинг  и мисиите на центарот за светско културно наследство на УНЕСКО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img