More

    Одбележување на Светскиот ден на хипертензијата

    spot_img

    ЈЗУ Специјализирана болница за превенција,лекување и Рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-Охрид и оваа година се приклучува во одбележувањето на Светскиот ден на хипертензијата, како една од активностите со кои се придонесува во превенција на кардиоваскуларните заболувања, што е  една од нивните мисии.

    Хипертензијата ( покачен крвен притисок) согласно податоците на Светската здравствена организација, е одговорна за 7.6 милиони смртни случаи годишно на светско ниво (13.5% од вкупниот број смртни случаи),повеќе од било кој друг ризик фактор. Околу 54% мозочни удари и 47% од коронарната артерриска болест се предизвикани од покачен крвен притисок.

    Светскиот ден на хипертензија годинава се одбележува на 17.05.2024, Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Св.Стефан-Охрид, ќе организира настан за подигање на свесноста на граѓаните на општина Охрид за значењето на хипертензијата како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето на луѓето. Оваа година го потенцираме значењето на физичката активност во превенцијата од кардиоваскуларен настан и мозочен удар, со потикнување на граѓаните на физичка активност и придржување кон препораките за превенција или терапијата доколку се веќе дијагностицирани.

    За таа цел ќе се прават бесплатни прегледи на граѓаните на два означени пунктови со банери од Крка Фарма Скопје, поставени по Кејот на Охридското Езеро каде ќе се мери крвен притисок и делат совети и информативни материјали од страна на докторите од оваа институција и присутните претставници од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.

    Во настанот ќе ги вклучиме и нашите пациенти кои се кај нас на стационарна кардиорехабилитација.

    Целата активност предвидено е да се реализира на 17.05.2024 од 12.00 до 15.00 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img