Продолжува потрагата по момчето од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата.

Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Share This Article