More

    Продолжена забраната за извоз на одредени житарки и масло

    spot_img

    Заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза, избегнување шпекулативни дејства на трговците и производителите и заштита на домашното производство, е целта на најновата мерка, донесена денеска во Владата, со која до 15 април 2022 година продолжува забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло.

    Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед ќе важи и во наредните 25 дена.

    – Приоритет на нашата Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност – наведува министерот.

    Тој посетува и дека Владата на седница одржана на 10 март 2022 година, донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која, почнувајки од 10 март, се ограничува извозот на одделни стоки до 20 март 2022 година со цел да се оневозможи нивен извоз со забрзана динамика на штета на домашниот пазар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img