Продлабочување на соработката и дигитализација по естонскиот пример

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
На маргините на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот колега од Република Естонија, Урмас Реинсалy.
„Во светло на промените во европската безбедност и севкупните последици предизвикани од руската агресија врз Украина, соговорниците разменија мислења за продлабочување на сојузништвото во рамките на НАТО и зајакнувањето на Источното крило на Алијансата“, соопшти МНР.
Воедно, министерот Османи кратко го брифирал својот хомолог за отпочнатите преговори со Европската Унија и идните чекори, апострофирајќи ја високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес.
„На средбата беше изразено задоволство од динамизираниот тренд на билатералните односи меѓу двете земји и беа реафирмирани заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Министерот Османи ја подвлече важноста и потребата за користење на естонското искуство, особено во сферата на дигитализација за нашето општество“, се наведува во соопштението од МНР.
Share This Article