Продажбата на автомобили во ЕУ силно порасна во октомври, , покажаа во четвртокот податоците од здружението на производители на автомобили ACEA.Во октомври, 745.855 нови автомобили се регистрирани во 26 земји на ЕУ, без Малта, за 12,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
Во септември нивниот број се зголеми за 9,6 отсто, а во август за 4,4 отсто, кога беше пробиен 13-месечен период на пад на побарувачката за автомобили во ЕУ.
Сепак, побарувачката сè уште не го достигна нивото пред пандемијата, бидејќи во октомври беа регистрирани околу 290.000 нови автомобили помалку отколку во истиот месец од 2019 година, забележува ACEA.
Помеѓу четирите главни европски пазари, побарувачката најмногу се зголемила во Германија и Италија, за 16,8 и 14,6 отсто, соодветно.
Двоцифрен раст забележа и Шпанија, со 11,7 отсто повеќе регистрирани автомобили. Во Франција нивниот број е зголемен за само 5,5 отсто.
Според податоците на ACEA, во октомври во Хрватска се регистрирани 3.024 нови автомобили, 7,5 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Во септември бројот на регистрации скокнал за 22,6 отсто.
Во периодот од јануари до октомври, пазарот на патнички автомобили во ЕУ е намален за 8,1 отсто, со регистрирани 7,53 милиони возила, откри ACEA.
Подобрувањето на продажбата во изминатите месеци не беше доволно за да се надоместат загубите од првата половина на годината, посочуваат од здружението.
Во групата водечки пазари, побарувачката најмногу паднала во првите 10 месеци од годинава во Италија, за 13,8 отсто. Двоцифрен пад бележи и Франција од 10,3 отсто.
Во Шпанија и Германија бројот на регистрирани автомобили е намален во периодот од јануари до октомври за 5,8, односно 5,5 отсто.
Според податоците на ACEA, во Хрватска во првите 10 месеци од годинава се регистрирани 37.589 нови автомобили, за 5,9 отсто помалку од истиот период лани.