Човек по име Славиша Јовановиќ, од околината на Ниш, пред 17 години ја продал својата нива бидејќи постоела потреба да се прошират гробиштата. Бидејќи парите не му биле целосно исплатени, ја тужел општината. По десет години постапка, судството, наместо пари, му го вратило земјиштето, но со телата на 150 закопани соседи и роднини. Во проблем се нашло и селото бидејќи „новиот сопственик“ на гробиштата не бил овластен да организира погреби, објави српскиот портал Н1.
Не може да спие навечер, секако дека не може кога поседува нива со 150 мртовци
– Едноставно не можам да го поднесам ова. Да ви кажам, толку ми е непријатно поради сето тоа што не можам да спијам навечер – рекол Славиша Јовановиќ.
Како да спие кога неговата семејна нива, која во 2007 година беше продадена на гробишта на Советот на граѓани, му беше вратена, но со закопани 150 луѓе?
Претседателот на Советот на граѓани на селото Доње Меѓурово, Жарко Рајковиќ, наведува дека градот не платил сѐ во целост, па затоа „настанал проблемот“.
– Сега треба да ги тужам сите за да ги ексхумираат своите починати сакани и да ги однесат нивните останки на друго место – вели Јовановиќ.
А каде на друго место, се прашува, кога неговата нива веќе 17 години е новите гробишта во селото. Актуелниот претседател на Советот на граѓани, а не оној што го купил земјиштето во име на општината, очекува и покрај судската одлука, Владата да ја купи оваа парцела бидејќи е невозможно да се врати на претходната состојба.
– Што ќе правиме со овие покојници? Мислам дека ќе го решиме овој проблем. Ние ќе го однесеме ова на суд, но што ќе прави таму, ќе сее пченица, жито или ќе собира кирија од мртвите? – прашува претседателот на Советот на граѓани, Жарко Рајковиќ.
Славиша Јовановиќ наведува дека тоа не му паѓало напамет.
– Бев со претседателот на општината пред две недели и имаше договор тој да стапи во контакт со градоначалникот и да го реши тоа – рече тој.
Јовановиќ платил место да му платат нему
Апелациониот суд всушност одлучил да укине две пресуди на Основниот суд од Ниш, кој решил да биде исплатен остатокот од парите, а нивата да остане гробишта. Наместо тоа, Јовановиќ вели дека платил 180.000 динари „за да му го врати Апелациониот суд тоа што е негово“.
И тоа на име на судските трошоци. Ако договорот е склучен незаконски, како што тврдат денеска во Палилула во Ниш, а во него стои дека општина Палилула е гарант за негово спроведување, Јовановиќ се прашува: „Зошто тогаш ги префрливте средствата? Сега е незаконски, а целиот процес на тендери, провизии… Тоа го направи нивната служба, а не татко ми“.
Од Палилула нема изјави. Претседателот рекол дека работат на решение. Сопственикот на 150 гробови рекол дека ќе почека до крајот на месецот.