More

    ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот

    spot_img

    ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК

    за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот

    Fast Forward – Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина

    ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

    Економско зајакнување на младите во 7 рурални општини од Пелагонискиот регион;

    Зајакнување на претприемачките капацитети на младите од руралните средини во Пелагонискиот регион. 

    АКТИВНОСТИ

    Во рамките на проектот предвидени се обуки (3 модули со по 2 сесии) за 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Кривогаштани, Долнени и Крушево кои ќе ги водат докажани експерти од областа на претприемништвото. Обуките се на теми:

    1. Генерирање на претприемачки идеи: унапредување на капацитетите на младите за започнување сопствен бизнис ;
    2. Донесување одлуки и деловно планирање- пазарна валидација на бизнис идеи;
    3. Развивање бизнис план.

    Обуките се еднодневни и ќе се одржуваат во Битола.

    Патните трошоци до/од местото на одржување на обуките се покриени од проектот.

    КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

    • Место на живеење во некоја од таргетираните општини: Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен или Крушево,
    • Возраст од 18 до 29 години,
    • Претприемачки дух и желба за започнување на сопствен бизнис.

    ВРЕМЕНСКА РАМКА за реализација на обуките

    февруари 2023 – мај 2023 

    НАЧИН НА АПЛЦИРАЊЕ

    Заинтересираните млади потребно е да испратат Пријава во која ќе ги наведат личните податоци и Мотивациско Писмо во кое треба да се наведат причините за учество во активностите на проектот на следната адреса cso.prolocal@gmail.com најдоцна до 20.01.2023 година, со назнака: За учество во проект FAST FORWARD.

    КОНТАКТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

    Сите заинтересирани млади лица од засегнатите општини можат своите прашања за проектот и неговата имплементација да ги постават на cso.prolocal@gmail.com или на телефонските броеви 075/322-323 и 071/307-301.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img