Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од СПЦ е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

– Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок – рече Балашов за ТАСС во врска со вчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Патријархот Порфириј кажа дека за оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според канонскиот ред со повик да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА.

Share This Article