На 09.02.2022 во 01.40 часот во околината на с.Стојаково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле 19 лица – мигранти (16 од Индија и 3 од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека лицата М.О.(31), А.А.(21) и М.А.(22), сите од Пакистан, лажно се претставувале дека се од Индија, а всушност биле водичи на групата која откако ја прифатиле имале намера да ја пренесат во Република Грција.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по чија наредба трите лица биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик, а во текот на денот (10.02.2022) ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1.
Останатите 16 лица мигранти биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.