На 24.06.2024 во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти. Н.А. и Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.