Приведени крадци на територија на ОВР Гостивар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера (31 јануари) околу 19 часот и 20 минути, на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот И.С. од гостиварско Страјане, а во 21 часот и 30 минути во гостиварско Падалиште го лишиле од слобода и 18-годишниот К.С. од ова село. Двајцата се сомничат дека во текот на минатиот месец на гостиварското подрачје извршиле кражби во куќи, локали и моторни возила.

Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share This Article