На 10.02.2022 полициски службеници на СВР Tетово околу 11.45 часот на улица „146“ во Тетово го лишиле од слобода Н.А.(27), а околу 17.15 часот на улица „180“ во Тетово го лишиле од слобода В.С.(33), двајцата од Тетово. За двете лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворска казна.
И двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.