More

    Приведени двајца дилери, повредени двајца полицајци и оштетени две возила

    spot_img

    37-годишник од Скопје и 28-годишник од Струга се лишени од слобода по обезбедени материјални докази дека се инволвирани во извршување на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи. Скопјанецот е уапсен во Скопје, додека стружанецот во Ресен.

    Акцијата била преземена вчера (28.09.2022), во Скопје и Ресен, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за Криминалистичка полиција, во соработка со Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Битола, СВР Скопје и ОВР Струга.

    – При приведувањето, мажот од Струга, кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело „напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста“. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола – известуваат од МВР.

    Стружанецот и скопјанецот заедно со уште две лица (кои се претходно приведени и одредена им е мерка притвор) договориле купопродажба на 490 грама марихуана, која ја извршиле на 14.09.2022 во близина на Катлановска бања, информира МВР. Истиот ден полициски службеници на наплатната станица Сопот сопреле возило „фиат пунто“, управувано од едниот од нив, при што во возилото е пронајдена дрогата.

    Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје поради извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик, соопштуваат од министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img