На 09.02.2023 во 15.15 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(25) од Скопје.
За него била издадена потерница, во врска со претходна пријава околу 12.50 часот, според која од домот на 73-годишен скопјанец на подрачјето на Бит Пазар со закана со остар предмет му одзел пари, при што му нанел повреда.
При извршен преглед кај пријавениот пронајдени се дел од одземените пари и прашкаста материја. За настанот е известен Јавен обвинител, а лицето е задржано во Полициска станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.