На 02.07.2023 околу 15.50 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш во близина на с.Дукатино, струмичко, го лишиле од слобода Е.М.(24) од Виница.
Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое било запрено од страна на полициски службеници, а во него се превезувале седум илегални мигранти.
Е.М. бил приведен, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Е.М. бил приведен, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.