На 02.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од Куманово поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.